Loading Events

« All Events

БАЈКФЕСТ Патеките на Водно / BIKEFEST Vodno Trails

September 13 @ 09:00 - 15:00

Третото издание на Велосипедскиот фестивал БАЈКФЕСТ Патеките на Водно има за цел да ги собере на едно место професионалните, рекреативните и помладите велосипедисти, планинарите и сите љубители на спортот и планините

Рекреативните велосипедисти имаат можност организирано со водичи и поддршка да возат од Средно Водно до врвот на Водно каде ке се освежат и придружат на групната фотографија пред крстот

Професионалните и поспремните велосипедисти ке се спуштат од Средно Водно до подножјето и ке имаат можност за on-line трка на сегментот “Чистилиште” па ке продолжат кон врвот каде ке се освежат и придружат на групната фотографија пред крстот. Резултатите од трката на сегментот “Чистилиште” ке се гедаат во групата на Страва во која однапред ке бидат поканети.

Велосипедистите што сакаат спуст ке имаат можност за трка во спуст на патеката Flow каде времето ке се мери

Планинарите ке можат организирано со водич да се искачат до Врвот на Водно по Пензионерската патека, каде ке се освежат и приклучат на групната фотографија пред крстот

За сите учесници ке следи забава со DJ и жива музика, кафе пијалок, храна и сладолед. За најбрзите ке има награди

Програма:

09.00 Регистрација на пријавени учесници

10.00 Почеток на спуштање за трка на Чистилиште

10.05 Почеток на рекреативна и планинарска тура

12.00 Заедничка фотографија на карпи (ПД Даре Џамбаз)

12.30 Спуст до Средно ВОДНО

13.00 ИЗНЕНАДУВАЊЕ

13.00 Почеток на трка во Спуст на Flow

15.00 Поделба на награди

За учесниците во велосипедските тури и трки задолжително е носење на кацига, соодветна опрема и исправен велосипед.
Учеството го пријавуваат со потпишување на писмена изјава, а за малолетните учесници и потпис од родител

Линк за пријава: https://forms.gle/NEMfoCP8C8mCV55g8

ПЕНЗИОНЕРСКА ПАТЕКА (преземено од ФПСМ) Почетокот на патеката е од Средно Водно на 6 км од Скопје. Патеката е лоцирана на северната страна на планината Водно. Патеката започнува од паркиралиштето – за пристап на патеката треба да се тргне по трим патеката од која по 350м се одвојува планинарска патека. Патеката во почетокот води низ пошумен предел, пред излегување на гребенот води поред нискостеблести растенија, а на  100 м пред котата на Орловец се спојува со Бабина. Од Орловец патеката оди низ борови насади до асфалтниот пат (каде се спојува со Новогодишната патека) кој води до врвот на Водно, и продолжува до планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ зад кој се наоѓа врвот Крстовар. Патеката е со должина од 4,6 км.Старт : Средно Водно

Должина: 4642m, Време: 1ч 50мин, Елевација: 566m, Средно Водно 585м, Врв на Водно 1050м

РЕКРЕАТИВНА ТУРА ОД СРЕДНО ДО ВРВ НА ВОДНО Почетокот е од паркингот на Средно Водно и се движи по асвалтниот пат кон Врвот на Водно. Патеката е доволно широка, но задолжително е движење по десната страна на патеката, како за разминување со пешаци / планинари кој ја користат, така и за избегнување на велосипедисти кој се спуштаат по патеката со поголема брзина, а не се дел од настанот. Потежок дел од патеката е делот кај Детското одморалиште, останатите делови се рекреативни и не бараат голем напор. Критичен дел на патеката е дупка на средина на асвалтниот пат на 200м од Средно Водно од која најчесто тече вода и ако не се забележи и избегне може да дојде до повреда, посебно при враќање – спуст кон Средно Водно. Предлагаме многу да се внимава, да се слуша и да се вози позади водичот.

ТУРА СО ТРКА НА ЧИСТИЛИШТЕ Стартот на сегментот по кој ќе се одвива трката за време на BIKEFEST е добро познат меѓу велосипедистите како „Чистилиште Земја“. Се наоѓа веднаш на раскрсницата каде што завршува асфалтот. Самиот почеток на патеката е доста стрмен и бара добра концентрација, правилен избор на линија и доволно сила. Се вози по широк земјен пат, кој на одредени делови има камења и карпи, а целиот сегмент се карактеризира со постојан стрмен нагорен наклон. Финишот е на Средно Водно, веднаш каде што земјениот пат повторно се спојува со асфалтот кон Пантелејмон.

Статистика на сегментот: Должина: 1.790 m, Елевација: 212 m, Просечен наклон: 12%

Доколку имате можност, препорачуваме да го извозите сегментот барем еднаш пред трката за подобро да ги запознаете теренот и најтешките делови.

 

DOWNHILL – СПУСТ НА FLOW е рангирана според тежината во ЗЕЛЕНИ патеки за спуст. По облик е Singletrack, предвидена само за спуст и движење само во една насока. Критично место е пресекот со Пионерската патека каде може да наидат велосипедисти од вашата лева страна, кој се качуваат по Пионерската патека (на денот на трката ке биде поставен знак и физичко обезбедување). Старт во 13.00 часот (после ИЗНЕНАДУВАЊЕТО на Средно Водно) за да можат да се пробаат и тое од рекреативната и трката на Чистилиште. Пријавата е поради изработка на стартен број со чип за мерење на времето Tag Timing Macedonia, награди за најдобрите и уживање и подароци за сите.

Должина 2.4км, Деелевација 200м, 2 Искачувања, Просечно време на спуст 8 мин

https://forms.gle/NEMfoCP8C8mCV55g8?

Details

Organizer

Venue

  • Средно Водно
  • 1000 North Macedonia + Google Map
  • Phone +38971349134