Loading Events

« All Events

БАЈКФЕСТ Патеките на Водно 2025

September 14, 2025 @ 08:00 - September 13, 2026 @ 17:00

На 14.09.2025 на Водно, втора година по ред, се одржа фестивалот на велосипедизмот БАЈКФЕСТ Патеките на Водно, во организација на Велосипедскиот клуб БАЈКСТОР од Скопје. Целта на фестивалот е на едно место да ги собере сите љубители на велосипедизмот, планинарењето, екологијата и убавиот и здрав живот. Со пријавени над 250 официјални учесници во велосипедската тура и уште толку кои се приклучија на самото место, овој настан прераснува во еден сериозен фестивал кој носи само една јасна порака дека луѓето сакаат активен и здрав живот. Велосипедската тура се возеше од Средно до врвот на Водно, Горно и Долно Соње, Сопиште, полициската станица и по пионерската патека повторно до базата на фестивалот на Средно Водно, каде што се заврши со дружба и забава со сите категории на учесници.

Една од задачите на организаторите на настанот е рекреативните возачи да видат како изгледаат делови од патеките кој професионалните велосипедисти ги возат за време на натпреварите, да се мотивираат млади и потенцијални велосипедисти да почнат посериозно да тренираат и да постигнуваат врвни резултати на натпревари за себе, за својте клубови и за државата.

Во планинарската тура се вклучија триесетина рекреативни планинари кои дадоа допринес и го збогатија овој спортски настан.

Посебен шмек на настанот дадоа учесниците од Црна Гора и Србија со што овој фестивал доби меѓународен карактер.

Организаторот изрази благодарност до сите општествено одговорни фирми кој се вклучија во подршка на овој настан, организации кој допринесоа со својата соработка, како и ентузијасти кој безрезервно го дадоа своето време и умешност и направија сите да уживаат во овој настан.

Details

Start:
September 14 @ 08:00
End:
September 13, 2026 @ 17:00