Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

МТБ Русево бачило 2025

June 22 @ 08:00 - 17:00
Општи информации за турата:
• датум: Недела, 22 јуни 2025 година
• збирно место и финиш: с. Песочани пред кооперација
• пристигнување и подигнување стартни пакети: 09:00ч
• старт на турата: 09:30ч.
• должина на патеката: 26км
• елевација: 924 мНВ
• терен: 90% шумски пат, off road
• цел: Русево Бачило
Опис на настанот:
Турата започнува во 09:30ч. веднаш после регистрацијата и потпишувањето на изјавите за учество на истата. Турата е линиска и се вози по претежно шумски пат – off road. Должината на турата во еден правец е 13км (вкупно 26км напред – назад) со елевација од 924мНВ. Целта на турата е пристигнување до Русево Бачило каде што е предвидена двочасовна пауза и забава со ручек од организаторот. Враќањето до збирното место с. Песочани е по истиот пат.
Правила за учество:
• Право на учевсто имаат сите полнолетни лица или малолетни со придружба и согласност од родител / старател.
• Учесникот на настанот треба да се чувствува физички подготвен да ја издржи турата (повеќе часовно возење по планински предели).
• Учесникот задолжително да поседува технички исправен велосипед за возење по планина, заштитна опрема (ракавици, кацига, штитници), резервна гума / опрема.
• Прв и последен вози водич назначен од организаторот, учесниците возат позади водичот и ги следат неговите инструкции и се придржуваат кон групата во текот на целиот настан.
• Секој учесник вози на своја одговорност и сам е одговорен за несаканите последици.
Пријавување:
• Сите заинтересирани учесници треба задолжително да се регистираат на настанот со пополнување на формуларот на следниот линк:
КОНТАКТ:
ул. Едвард Кардељ бр. 400 Струга, С. Македонија
kralimarkostruga@gmail.com
078/444-975, 078/216-864
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!

Details

Date:
June 22
Time:
08:00 - 17:00

Organizer

МТБ Крали Марко